Расим Љајиќ утрово повреден во тешка сообраќајна несреќа, неговиот возач загина

1 min read

Лидерот на Социјалдемократската партија на Србија и поранешен вицепремиер на српската влада, Расим Љајиќ, денеска околу девет часот доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, кај Ражањ, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти МВР, возилото „Шкода Суперб” во која се наоѓал Љајиќ од засега непознати причини излетало од патот и се превртело, а во оваа сообраќајна несреќа од здобиените повреди на самото место почина неговиот возач.

Расим Љајиќ, кој се наоѓал во возилото, се здобил со неутврден степен на повреди и веднаш е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш.

Како што соопшти ТВ Н1, повикувајќи се на КЦ Ниш, лидерот на Социјалдемократската партија на Србија, има повреди на ребрата и не е во живна опасност.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

КАРИЛ за 24-часовната борба за животот на ракометарот Тот: Беа повикани сите екипи, беше реанимиран неколку пати

Следно

Официјално: Глигоров не е повеќе тренер на ФК Вардар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian