Принцот Вилијам и Кејт ја одбиле свадбената покана од Бекамови

1 min read

Кралската двојка на младенците им посакала многу радост…

Војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, ја одбиле поканата за свадбата на Бруклин Бекам и Никола Пелц, пишува Дејли Мејл.

ФОТО | Раскошна свадба полна со милионери и познати личности: Се ожени најстариот син на Бекамови

Се наведува дека родителите на младоженецот Дејвид и Викторија Бекам претходно им пишале на принцот Вилијам и Кејт и на тој начин ги поканиле на спектакуларната церемонија која синоќа беше одржана во Палм Бич, Флорида.

Кралската двојка, на која Бекамови им беа гости на венчавката во 2011 година, љубезно ја одбила поканата.

– Дејвид и Викторија им пишале на Вилијам и Кејт и ги поканиле нив и семејството на свадбата на нивниот син, но принцот Вилијам одговорил дека не се во можност да одговорат на поканата. Тие на младенците им посакале многу радост – изјавил извор близок до семејството Бекам.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Манчестер сити и Ливерпул имаа спектакуларно дерби на „Етихад“!

Следно

ФОТО+ВИДЕО: Шест кинески товарни авиони слетаа во Србија, Вучиќ молчи за набавката на ракетите од Кина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian