Денеска фудбалскиот клуб Вардар ја информираше јавноста дека е прекината соработката со досегашниот тренер Никола Глигоров.
Последен пат ја водеше екипата во саботата кога во рамките од 22 коло во Втората лига – Запад загуби на гостувањето кај Гостивар со 2:1.
На тој начин скопските „црвено-црни“ направија чекор назад во борбата за враќање во елитата.
На пет кола до крајот на сезоната, моментно се третопласирани со 43 бодови, сега дури осум помалку од второпласираниот тим на Воска Спорт, а водечки е Силекс (56).
– ФК Вардар ја информира јавноста дека шефот на стручниот штаб Никола Глигоров си поднесе оставка по поразот на вчерашниот натпревар со Гостивар и повеќе нема да го води нашиот клуб. ФК Вардар му се заблагодарува за досегашната соработка и му посакува среќа и успех во понатамошниот тек на кариерата – објави ФК Вардар.
Комитите гневни по поразот на Вардар: А што мислевте не знаеме?