Имаше загубена сезона во ноември, сега „отпишаната“ Барса е втора во Ла Лига

2 mins read

На 20 ноември 2021 година Барселона се наоѓаше на дури деветтата позиција во „Ла Лига“. Никој не ни помислуваше дека Барса може да стигне и до местата кои носат во Европа следната натпреварувачка сезона.

Со доаѓањето на тренерот Чави играта на каталонскиот гигант е многу подобра, од 20 ноември 2021 година кога на клупата дебитираше Чави, Барса има досега учинок од 12 победи, четири нерешени и еден пораз. Новиот триумф беше забележан на гостувањето кај Леванте со 2:3. За домаќините од 76 минута настапи македонскиот репрезентативец Енис Барди како замена за Н. Радоја.

Немаше голови по првиот дел на теренот во Валенсија, Леванте водеше со голот на Моралес од пенал во 52 минута, само четири минути подоцна позитивата можеше да биде зголемена, но Марти не беше прецизен од белата точка.

Обамејанг казни на спротивната страна 180 секунди подоцна за израмнување после асистенцијата на Дембеле. Во 63 минута гостите прават пресврт со погодокот на Педри, па следуваше нов егал со голот на Мелеро од пенал во 83 минута. Во самиот финиш од средбата херој на Каталонците беше холандскиот интернационалец де Јонг (90+2`) за негов шести гол сезонава.

Од „загубена“ сезона Барса сега е второпласирана со 60 бодови и еден меч помалку зад водечкиот Реал Мадрид (72). До крајот на сезоната остануваат уште осум кола, некои дури предвидуваат дека Барселона може да биде шампион, но Реал сезонава покажа одлични перформанси и тешко дека составот на Карло Анчелоти ќе си дозволи лоша серија на резултати во завршниот дел на најквалитетното шпанско првенство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сопругата на Зукорлиќ по тврдењата дека бил отруен: Бараме обдукција

Следно

Денес се празнува: Свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian