Групата „Манескин“ објави песна за поддршка на Украина и ги праша Русите „Како спиете навечер?“

1 min read

Групата „Манескин“, минатогодишниот победник на Евросонг, на Инстаграм објави исечок од песната во која стои покрај народот во Украина.

Во тестот тие им се обраќаат на Русите: „Како спиете навечер со сите тие животи на рацете“.

Одговарајќи на иницијативата на организацијата „Global Citizen“, „Stand Up for Ukraine“, бендот од Рим објави едноминутно видео на својот Инстаграм профил, со нова енергична песна за поддршка на иницијативата.

„Како спиете ноќе / како ги затворате двете очи / живеете со сите тие животи на вашите раце?“, вели фронтменот Дамијано Дејвид во стиховите.

Видеото е придружено со натпис за поддршка на кампањата, во која се повикуваат „владите, институциите, корпорациите и поединците да донираат пари за хуманитарни напори за Украина и бегалците ширум светот, како што се Јемен, Јужен Судан и Авганистан“.

„На бегалците во Украина и ширум светот им е потребна итна хуманитарна помош“, напишаа тие под видеото со порака: „Ние го користиме нашиот глас за да побараме акција, а можете и вие“.

Групата „Манескин“ порача дека нема да остане рамнодушна пред оваа војна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ескобар: Во Босна најголем проблем е корупцијата, која се покрива со национални интереси

Следно

Шокантно тврдење на синот на Муамер Зукорлиќ: Татко ми беше отруен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian