ГЕРБ на Борисов бара Бугарија да ја „испегла“ позицијата кон Македонија

1 min read

Можеби е време бугарскиот претседател да свика ново заседание на Консултативниот совет за национална безбедност за да се разјасни позицијата на Бугарија кон Македонија, рече денеска заменик-координаторот на Пратеничката група на Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Сојузот на демократските сили (СДС) во бугарското Собрание, Тома Биков – пратеник на опозициската партија ГЕРБ, чиј лидер е поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.

– Мора да имаме заеднички став. Се гледа дека има некакво колебање и сигналите што ги испраќаме кон надвор не се добри – изјави Биков за Бугарското национално радио (БНР).

Биков е дециден дека нема промена на бугарската позиција кон Македонија, додавајќи дека ако „некој тврди поинаку, си дозволил да лаже“.

– Тоа ќе се одрази на патот на Република Северна Македонија кон ЕУ, за кој сите партии велат дека го поддржуваат, доколку Северна Македонија исполни одредени услови – порача

Сепак, според Биков, ако дошло до промени во бугарската позиција, „тој што го сторил тоа, го минирал процесот на проширување на ЕУ, кој е многу поважен од тоа дали Бугарија ќе ја пушти Македонија“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Докторите ги оставил без текст: 67 години не се искапел од една причина, а неговото здравје е перфектно

Следно

Војници од 14 нации ќе учествуваат во индонезиско-американските воени вежби

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian