Церемонијата се оддржа на имотот на семејството Пелц во Палм Бич на Флорида, кој вреди околу 103 милиони долари. Таму се собраа околу 300 гости кои одлично се забавуваа.
„Пресладок пар, нека им е со среќа“, коментираа пријателите на социјалните мрежи за новопечениот пар, Бруклин Бекам (23) и Никола Пелц (27). Тие им посакаа се најдобро по повод венчавката.
Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам заплови во брачните води со ќерката на милијардерот Нелсон Пелц, а свадбата се оддржа на имотот на семејството Пелц во Палм Бич на Флорида, кој вреди 103 милиони долари. На церемонијата присуствуваа околу 300 гости, а меѓу нив се најдоа и познатите имиња како Ева Лонгорија, Серена и Венус Вилијамс, Гордон Ремзи…
Судејќи според фотографиите, гостите одлично се забавувале. Лонгорија носеше фустан со потписот на Викторија Бекам. Мајката и таткото на младоженецот беа многу елегантни, па така собраа безброј комплименти.
Младенците вешто се криеа од фотоапаратите, а како што е познато телефоните беа забранети на оваа церемонија. Јавноста е во очекување на првите фотографии од невестата и младоженецот кои ќе ги добие престижниот магазин „Вог“.