Ф1: Доминација на Леклер, Ферстапен без бодови во Австралија

1 min read

Возачот на „Ферари“, Шарл Леклер е победник на денешната трка за Големата награда на Австралија, која се возеше во рамките од Формула 1 шампионатот. Леклер на тој начин дојде до својата втора победа сезонава, а четврта во кариерата.

Второто место му припадна на возачот на „Ред Бул“, Серхио Перез, додека на подиумот се искачи и возачот на „Мерцедес“, Џорџ Расел. За Расел ова е втор подиум во кариерата, откако минатата година беше втор во Белгија.

Седумкратниот светски шампион и тимски колега на Расел, Луис Хамилтон, заврши на четвртото место, додека возачите на „Мекларен“ Ландо Норис и Даниел Рикардо ги освоија петтото и шестото место.

Бодови освоија и Естебан Окон од „Алпин“, Валтери Ботас од „Алфа Ромео“, Пјер Гасли од „Алфа Таури“ и Александар Албон од „Вилијамс“. Актуелниот светски шампион и возач на „Ред Бул“, Макс Ферстапен се откажа во 39 круг поради дефект на болидот.

Леклер по три трки е лидер во генералниот пласман со 71 бод, втор е Расел со 37 бодови, додека Саинц е трет со 30. Трката за ГН на Австралија во Мелбурн се одржа за првпат по три години. Следната трка е за Големата награда на Емилија Ромања, на 24 април на патеката Имола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фото: За 2000 жени дождот не беше пречка!

Следно

Пирс Броснан и упати јавна љубовна порака на сопругата: Во мојот живот ти донесе радост и среќа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian