Ескобар: Во Босна најголем проблем е корупцијата, која се покрива со национални интереси

1 min read

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска оцени дека главен проблем во Босна и Херцеговина е корупцијата, која, според него, е покриена со поимот национални интереси.

Во интервју за Н1 Хрватска, Ескобар рече дека САД веруваат дека има простор за преговори, флексибилност и компромис за ограничените измени на уставот и изборното законодавство во БиХ.

„И ние мислиме дека изборите треба да се одржат оваа година. Изборите се многу важен дел од демократскиот процес и демократската еволуција. Затоа, ги охрабруваме сите страни да бидат флексибилни и отворени и да се приклучат на преговорите со добра волја”, рече тој.

На прашањето дали поимот национални интереси се користи за да се прикрие корупцијата Ескобар вели – „Апсолутно”.

„Ако ги погледнете проблемите што ги има БиХ, проблемот не е што луѓето не сакаат соживот со Хрватите, Бошњаците или Србите. Угледните анализи, како онаа на Транспаренси Интернешнл, покажуваат дека Босна и Херцеговина е најкорумпираната земја на Западен Балкан и речиси најкорумпираната земја во Европа. Значи, тоа е најитниот проблем”.

Како што оцени тој, нефункционалноста ја храни корупцијата и создава можности за поголема корупција. зш

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Средба Зеленски-Путин после битката за Донбас“

Следно

Групата „Манескин“ објави песна за поддршка на Украина и ги праша Русите „Како спиете навечер?“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian