Бундеслига: Кузмановски во одлична форма пред дуелите со Чешка

1 min read

Денеска во рамките од 27 коло во најсилното германско ракометно првенство составот на Хановер-Бургдорф ремизираше на гостувањето кај Фуксе Берлин со 32:32, иако на полувремето водеше со 13:15.

Кај гостите најефикасен беше Данецот Јохан Хансен со девет голови, а македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски имаше седум погодоци. Токму Кузмановски беше херојот на гостите постигнувајќи израмнувачки гол во последните секунди од натпреварот.

На спротивната страна 11 пати во листата на стрелците се запиша Х. Линдберг со 11 погодоци, четири запиша Црногорецот М. Вујовиќ.

Нашиот бек Кузмановски се наоѓа во одлична форма пред двомечот со Чешка за пласман на следното Светско првенство 2023. Нашата сениорска селекција против Чесите ќе се соочи најпрвин на 13 април во Злин, а реваншот е на 17 април во Скопје.

Филип Миркуловски кој исто така треба да им се придружи на репрезентативците, запиша два гола во домашниот пораз на Вецлар против Магдебург (26:29).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Војници од 14 нации ќе учествуваат во индонезиско-американските воени вежби

Следно

Леонардо Дикаприо има нова работа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian