216 сообраќајни прекршоци во Скопје

1 min read

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли на МВР во областа на сообраќајот, изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, а 40 за управување под дејство на алкохол.

Мешу мерките, како што соопшти МВР се и 10 за возење без возачка дозвола, шест мерки за возач почетник, 48 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, една мерка за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

skopjeinfo.mk

Претходно

Џозеф за МИА: Војната во Украина е приоритет за ЕУ и САД, но мора да помогнат Софија да ја подигне блокадата

Следно

Петков до Мицотакис: Гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција е клучен за ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian