Забавата денеска е во Аеродром кај „Авиончето“ – голем спортско-рекреативен настан од 11 до 13 часот

1 min read

 

Денеска од 11:00 до 13:00 часот во паркот „Авион“ ќе се одржи спортско-рекреативниот настан „Спортуваме за Аеродром“ со кој ќе се одбележи 17-от роденден на Општината.

-Нашите најмали и најмили, придружувани од своите родители, ќе имаат можност на десеттина различни полигони низ непосредна игра да се запознаат со голем број спортови, да учествуваат во разни игри и активно да поминат едно прекрасно саботно пладне заедно со своите другарчиња, велат од општина Аеродром. 

Целиот настан ќе биде збогатен со весела музика и уште позабавен водител, аниматори за деца, стручни лица за работа со млади и спорт, како и Извидничко поречанскиот одред „Галеб“ чии извидници на сите присутни ќе им пренесат дел од своите вештини, ќе ги запознаат со извидничкиот живот и постојаната грижа за природата.

Во рамките на оваа манифестација ќе се организира хуманитарна акција БидиЧовек поддржана од Бомбакис. За таа цел ќе биде обезбедена кутија за донирање средства за помош на оние на кои им е најпотребна.

-Ве покануваме сите заедно преку музика, спортување и другарување да го прославиме денот на Аеродром. Сè што треба да направите е да ги оставите вашите мобилни телефони дома, а со вас да понесете многу позитивна енергија и доколку сте во можност да дојдете пеш, со велосипед или тротинет. Ем е здраво, ем ја зачувуваме животната средина!, стои во поканата од организаторите. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Еве како ќе се снаоѓаат копачите на криптовалути бидејќи струјата е скапа

Следно

Пол позицијата во Мелбурн за Леклер, Хамилтон конечно има конкурентно време

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian