Временска прогноза : Од утре дожд и заладување на температурите

1 min read

Времето утре во  Македонија ќе биде облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, локално проследени со грмежи.

– Дневните температури ќе се намалат за околу 10 степени. На планините над околу 1200 мнв во западните и северните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер, соопшти УМХР.

Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, а дневните од 5 до 15 степени Целзиусови.

Од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштат и под нулата, а најстудено ќе биде во вторник наутро. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Клоп и Гвардиола по 23 пат ќе играат меѓу себе, сега влогот е титулата во Премиер лигата

Следно

Дневен хороскоп за 10 април: Од вас зависи сè

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian