На натпреварот од Копа Судамерикана помеѓу Барселона и Вандерс беше постигнат веројатно најубавиот гол директно од корнер.
Дамијан Дијаз од еквадорскиот тим Барселона со фантастичен потег го изненади голманот на Вандерс и даде гол од корнер за водство од 4:1 на неговиот тим.
Голманот на гостите при изведување на корнерот излезе од својата гол линија, а одбраната не ги бранеше стативите. Тоа го примети Дијаз кој со удар со десна нога од десната страна постигна прекрасен гол од корнер.
This is easily the best corner you’ve ever seen in your life pic.twitter.com/4MhMFo2C0q
— FootballJOE (@FootballJOE) April 8, 2022