Телма: Смртта на ракометарот Денис Тот сепак е резултат на насилство – две лица се приведени

1 min read

Насилна смрт. Докторите од Судска медицина ги разрешија дилемите во јавноста, откако обдукцијата покажа дека удар во главата, односно повреда на мозокот е причина за смртта на 27-годишниот ракометар од Хрватска, Денис Тот, кој вчера утро почина на скопските клиники, објави Телма

Потврда за ова добиле и од Скопското обвинителство, кои се веќе усно известени и ја чекаат целосната документација за да отворат предмет. Од доказите ќе зависи квалификацијата на делото, дали ќе биде убиство или насилство со смртни последици, пишува Телма. 

Како што пренесува медиумиот, инволвирани се три лица, од кои две, дечко и девојка,  се веќе приведени, а третиот е во бегство. За случајот се обезбедени и видео снимки, од кои се гледа дека, сега починатиот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќен клуб во парк.

Кога тргнале да си одат, се степале, по што Тот паднал во бесознание, а останатите си заминале.

Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Околу 60 отсто од германските болници се уште ги одложуваат операциите поради Ковид

Следно

ВИДЕО: Најубавиот гол од корнер, со десна нога од десна страна ја испрати топката во мрежа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian