Сон го носи Тотенхем кон Лигата на шампионите

1 min read

Фудбалерите на Тотенхем на најдобар можен начин го искористија киксот на Арсенал, како гости а совладаа Астон Вила со 0:4 и се осамија на четвртото место на табелата во Премиер лигата.

Тотенхем сега има 57 бода, три повеќе од Арсенал кој денеска загуби од Брајтон со 1:2 и тоа пред своите гледачи.

Херој на Тотенхем е Кореецот Хјонг-Мин Сон кој постигна хет-трик во Бирминген. Сон го отвори во третата минута кога одбиената топка по шутот на Хари Кејн, ја смести во мрежата на голманот Мартинез.

Гостите со сигурна игра ја чуваа предноста и така беше се до 50 минута кога Дејан Кулушевски зголеми на 0:2.

Потоа повторно на сцена стапи Сон кој постигна уште два гола, во 66. и во 71. минута за конечни 0:4 и осамување на четвртото место на табелата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Иранскиот претседател: Иран нема да се откаже од „нуклеарните права“

Следно

Синдром на главен лик: Дали го имате и како да го препознаете

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian