Се чекаше „сентиш“ и покана за танго – скопјани се сеќаваат на игранките и матинеата

1 min read

Младост, љубов и музика на едно место – вака може да се опишат некогашните скопски игранки и матинеа.

Во годините на минатиот век биле многу чести во Скопје.

Таверна, 23ка, Турист, Бони, Ани, Аполон, Алпино, Корнер, Булевар, Малибу, Уна, Мусандра…се дел од собиралиштата на младите, додека оние кои се помали оделе на дневните матинеа од 15 до 18 часот, кои особено популарни биле во 50 и 60. gодини на минатиот век.

-Во скопската населба Пролет на една зграда, на фасадата, чинам дека беше седма стоеше графитот “Секоја недела Бис-Без”. Тоа се однесуваше на игранките кои се правеа во тоа време во Домче како што го викавме, месната заедница на Пролеќе, кај што свиреа Бис-Без, се сеќава еден скопјанец на тоа време.

-Мусандра, Таверна, играње, но најдоцна до 9 часот дома, се сеќава една скопјанка на минатото.

-Едвај се чекаше “сентиш” избираш каниш, или те избираат за танго. Танцуваш, се загушуваат светлата или гасат, добиваш охрабрување и слушаш “удварање” па од страна некој: ако е темно не значи дека не се слуша. Не е убавината само дека сме биле млади,туку едноставноста, искреноста па и еднаквоста меѓу себe, со носталгија се сеќава друга скопјанка. 

-Игранки, матинеа со банатско и „Даме бирају“. Незаборавно, споделува друга скопјанка сеќавајќи се на времињата кога скопјани се забавуваат на еден убав начин. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Радев: Владата на Петков не смее да отстапи од националниот интерес во однос на РС Македонија

Следно

Албанскиот министер за одбрана: Албанија е безбедна и заштитена од конфликти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian