Реакција на СДСМ : Мицкоски да престане со неодговорните изјави кои штетат на државните интереси

1 min read

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да престанат со штетата врз државните интереси, тие се познати по туширање и фалсификување. Државните позиции во однос на разговорите со Бугарија се јасни, потврдени и со Резолуција во македонското Собрание и Христијан Мицкоски треба да престане со своите неодговорни изјави да и предизвикува штета на македонската позиција и на државниот интерес, реагираат од СДСМ по повод дадената изјава на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Мицковски во насока на реалциите и спорот со Бугарија.

СДСМ посочува дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски не прифатиле учество во работните групи.

Фактите се познати на јавноста, туширања и фалсификувања се одлика на неговата ВМРО-ДПМНЕ и режимот кој 11 години фалсификуваше историски факти, наметнуваше антички корења, носеше Хунзи и го поткопуваше македонскиот национален идентитет. Дури и волјата на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ја фалсификуваше, додаваат од СДСМ.

Според СДСМ срамно и крајно неодговорно е однесувањето на Христијан Мицкоски, кој според нив са бара начини да ги поткопа државните позиции.

– Очигледно Мицкоски ревносно ги исполнува насоките и задачите од Никола Груевски, соопштува СДСМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор со психологот Кирил Мишев: Мистеријата на сексуалната ориентација, што е хомосексуалност?

Следно

ОН: Повеќе од 4,4 милиони Украинци побегнале досега од војната

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian