Разговор со психологот Кирил Мишев: Мистеријата на сексуалната ориентација, што е хомосексуалност?

8 mins read

Сексуалноста е една од основните придвижувања зад чувствата, мислите и однесувањето на секој поединец

Кирил Мишев е лиценциран млад психолог, едукант по невропсихологија и невродијагностика во институтот „Когниција” и М-р по клиничка психолија, кој верува дека само со работа на себе може да имаме посвесен и поразвиен живот, во сега и овде. Тој е основач и претседател на „Персона” е онлајн психолошко советувалиште кое е креирано со цел да биде безбедно место каде што секој може да гради доверба, да работи на себе и својот личен раст, на своите чувства и емоции без дискриминација и осудување. На Кирил му поставивме прашање, со цел да ни помогне да решиме проблем на конструктивен начин.

Што е сексуална ориентација?

„Сексуалната ориентација е една од најодбегнуваните, таканаречени табу теми. Во нашето општество е претставена полошо и од црната чума, ако можам да си дозволам да го искористам овој термин? Зашто? Затоа што живееме во конзервативно општество кое нема доволно едукативна содржина и познавање во оваа област, и доколку постои е половична и нецелосно претставена. Полесно е да молчиме и да се плашиме „сите” да не станеме хомосексуалци отколку да се едуцираме и бидеме отворени“, вели психолот Мишев .

Сексуалната ориентација се однесува на траен модел на емоционални, романтични и/или сексуални привлечности кон мажите, жените или двата пола. Сексуалната ориентација се однесува и на чувството за идентитет на личноста врз основа на тие привлечности, чувство на припадност. Сексуалноста е една од основните придвижувања зад чувствата, мислите и однесувањето на секој поединец. Ги дефинира средствата за биолошка репродукција, ги опишува психолошките и социолошките претстави на себе и ја насочува привлечноста на една личност кон другите. Понатаму, ги обликува мозокот и телото да бараат задоволство и да бидат задоволени.

Хомосексуалноста не е болест

Од основно значење е дека нехетеросексуалноста не е болест сама по себе и дека хомо- и бисексуалците не се ниту ненормални, ниту неприродни, ниту болни. Во научната јавност денес хомо и бисексуалците се нормална варијација во манифестација на човечката сексуалност. Како професионалец должност ми е да бидам објективен и критичен кон факти и појави. И овој одговор е базиран врз многу научни истражувања од светот на психологијата, социологијата и историјата.

Разговор со психологот Кирил Мишев: Како психички да се справиме со неизбежниот конфликт со соседите?

Терминологија:

Бисексуалност – лат. Bis (двапати) префикс bi (двоен) + sexualis (полов) од sexus (пол). За прв пат е употребен во 1809 година како ознака за двополови растенија. Во контекст на сексуална ориентација се јавува во 70 година од 20 век.
Транс – лат. Trans (преку, оттамѕ) + vestire (се облекува), + sexualis (полов) од sexus (пол) + анг. Gender (род).
Лезбејка – грч. Λεσβος/ Lesbos (Лезбос) – грчки остров. За прв пат се јавува во 1883 година во американското медицинското списание „Аlienist and Neurologist“.
Геј – анг. Gay (весел) се јавува во 1922 година во делото „Miss Furr and Mrs. Skeene“ од Gertrude Stein.
Стрејт – анг. Straight (прав, исправен) се појавува во почетокот на 20 век за сите кои не конзумирале пороци (алкохол, дрога)

Сексуалната ориентација содржи пет различни критериуми според кои би можеле да ја дефинираме:

– Сексуално однесување: Со луѓе од кој пол една личност има секс?
– Сексуална привлечност: За лица од кој пол таа личност чувствува дека сексуално го привлекуваат?
– Сексуална фантазија: За лица од кој пол фантазира додека мастурбира?
Лична идентификација: Како личноста сама одговара на прашањето „Која е твојата сексуална ориентација?”
Способност за формулирање емоционални врски: Во лица од кој пол се вљубува и започнува долготрајни врски?

Честопати меѓу пошироката јавност не се прави разлика помеѓу овие различни димензии на сексуалната ориентација.

Менталното Здравје кај ЛГБТ лицата:

И покрај сите останати методолошки потешкотии и ограничувања, ЛГБТ лицата поминуваат и се соочуваат со многу ментално–здравствени проблеми за кои постои обемна истражувачка литература.

Дел од проблемите се:

Самодоверба

Самодовербата е еден од најзначајните показатели на менталното здравје на една индивидуа. Таа ни укажува колку една личност има позитивно мислење за себе, колку верува дека вреди и дали смета дека може да се справи со предизвиците во животот. И е една од клучните елементи за добро психо-емотивно функционирање во животот. Според многубројните истражувања ЛГБТ лицата иако имаат висока самодоверба се деградирани и притиснати од општеството да се сомневаат во нивниот избор, припадност, убавина и уникатност или автентичност.

Самоубиство:

Самоубиството е еден од најсериозните проблеми со кој се соочуваат ЛГБТ лицата. Најголемиот број на самоубиства се случуваат во периодот на млада адолесценција (пубертет). Предизвикувачи се два фактори: 1. Неможноста лицето да ја прифати сопствената припадност и повеќето обиди се случуваат пред да воспостави стабилен сексуален идентитет. Вториот е болното отфрлање од страна на блиските.

Нарушување во исхраната и телесната слика за себе, Виктимизација и уште многу други препреки.

Совет:

Психотерапијата е процес кој помага на индивидуата да се изгради во свесна здрава психо-емоционална индивидуа, што ќе работи на себе прифаќање и уважување (САКАЊЕ), поддршка во безбедна и неосудувачка околина, воспоставување на контакт со околината, намалување на анксиозноста и пред сè поставување на здрави јасни граници во сега и овде. Никој не е сам, секој заслужува љубов, поддршка и прифаќање во свет каде ќе биде свој и автентичен!

Љубовта не се контролира, се чувствува и доживува!

Секој од нас е различен, како што се и прстите на нашата рака, секој има посебен начин на привлечност без разлика на полот или определеноста на партнерот. Не може сите да сме исти. Што би се случило доколку сите сме исти? Живот без авантури, автентичност и досада, според мене. А сепак ние живееме во свет каде за нас сè уште е сè црно или бело на оваа тема, а всушност во позадина има цел спектар од бои! На ова тематика не треба да се става компас, треба да се истражува и да се биде љубопитен и пред сè без предрасуди и обвинувања затоа што ние сме човечки битија кои имаат слобода за доживувања и креативност.

Никој не е достоен да суди за тоа како една личност ќе се однесува со сопственото тело и што ќе прави во својата спална соба!

Ова тематика е премногу опширна, разнобојна и уникатна, па затоа доколку сакате да добиете повеќе информации, може да прочитате во книгата од Снежана Врангалова „Мистерија на Сексуалната ориентација: Современи Концепти и Македонски Перспективи” од 2006 година.

Разговор со психологот Кирил Мишев: Како психички да се справиме со неизбежниот конфликт со соседите?

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фудбалерот на Баерн не може да се изначуди: Замислете да сте Роналдо, а капитен да ви биде Хари Мегваер?!

Следно

Реакција на СДСМ : Мицкоски да престане со неодговорните изјави кои штетат на државните интереси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian