Радев: Владата на Петков не смее да отстапи од националниот интерес во однос на РС Македонија

1 min read

Очекувам бугарската Владата строго да се придржува до Декларацијата на Националното собрание на Бугарија, консензусот постигнат на Консултативниот совет за национална безбедност и на волјата на Бугарите за решавање на отворените прашања со Скопје пред почетокот на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија, изјави денеска бугарскиот претседателот Румен Радев.

– Ставот на Бугарија за евроинтеграцијата на Република Северна Македонија се базира на резултати, а не на рокови и услови наметнати од странство. Секое отстапување на Владата од бугарскиот национален интерес ќе предизвика нова владина криза, нагласи Радев при промоцијата на иницијативата „Да засадиме дрво, да ја оживееме бугарската шума”,

Според Радев, советниците на бугарскиот премиер Кирил Петков никогаш не треба да ги оквалификуваат „македонските Бугари како малцинство”, бидејќи тоа може да го уништи целиот процес на европската интеграција на Република Северна Македонија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Ќерката на Мадона ги покажа влакнестите пазуви во кампања за Келвин Клајн

Следно

Се чекаше „сентиш“ и покана за танго – скопјани се сеќаваат на игранките и матинеата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian