Пол позицијата во Мелбурн за Леклер, Хамилтон конечно има конкурентно време

1 min read

Возачот на ферари, Шарл Леклер ја освои пол позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Австралија што ќе се вози утре во Мелбурн.

Веднаш до него, од првиот ред трката ќе ја започне актуелниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул, додека Серхио Перес го имаше третото најдобро време, а четврти е Ландо Норис.

Седумкратниот Формула 1 шампион Лјис Хамилтон конечно има конкурентно време и беше петти во квалификациите.

Најбрзиот круг во третата квалификациска сесија, Леклер го извозе во време од 1:17.868 минути, додека Ферстапен заостана за 286 илјадити делови од секундата. Заостаток под една секунда имаа уште и Перес, Норис и Хамилтон.

Шестото место му припадна на вториот возач на Мерцедес, Џорџ Расел, Даниел Рикиардо беше седми, Естебан Окон осми, а Карлос Саинс деветти. Во третата квалификациска сесија Фернандо Алонсо имаше големи проблеми со болидот, му откажа хидрауликата и не успеа да го извозе ниту еден круг, и утрешната трка ќе ја започне од десеттото место.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Забавата денеска е во Аеродром кај „Авиончето“ – голем спортско-рекреативен настан од 11 до 13 часот

Следно

Пао де ло: Деликатен пандишпан кој се јаде за Велигден во Португалија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian