Пао де ло: Деликатен пандишпан кој се јаде за Велигден во Португалија

1 min read

Пао де ло (Pao de lo) обично се служи за католичките верски празници, особено Божиќ и Велигден. Овој пандишпан со деликатна арома на лимон датира од крајот на средниот век. Во тоа време, задолжени за неговата подготовка биле монахињите во манастирите низ земјата. Се вели дека во петнаесеттиот век, пао де ло се печел во фурна за леб, чија врата била затворена со суво коњско ѓубриво. Потребни биле ни помалку ни повеќе од 24 жолчки и 6 белки, изматени со рака додека не се добие пенесто и воздушно тесто. за да се направи овој десерт.

Во денешно време, за среќа, рецептот еволуираше, а овој вкусен специјалитет може да се подготви без многу труд во удобноста на модерната кујна.

Пао де ло, Фото: Викимедија

Потребни состојки:

– 10 јајца (на собна температура)
– 200 гр шеќер
– 250 гр брашно, просеано
– 1 лажичка прашок за пециво
– половина лажичка сол
– кора од лимон

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Јајцата се матат на голема брзина околу 20 минути, додека шеќерот се додава постепено. Потоа нежно додадете го брашното, претходно измешано со прашокот за пециво и солта, па додадете ја кората од лимон. Смесата ставете ја во округла тава малку подмачкана со масло. Печете 30 до 35 минути. Почекајте околу 10 минути пред да ја сечете тортата.

На здравје!

Туфахии: Полнети јаболка со слатки задоволства

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пол позицијата во Мелбурн за Леклер, Хамилтон конечно има конкурентно време

Следно

Османи бара од ЕУ да покаже стратешко лидерство за Западен Балкан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian