Одбраната на Зеќири со жалба за укинување на притворот

1 min read

Адвокатот на Мухамед Зеќири Александар Трајковски, изјави дека денеска до Кривичниот суд ја поднел жалбата за притворот, кој му беше одреден синоќа на неговиот клиент.

-Жалбата е поднесена до Кривичниот суд, кусо изјави адвокатот Трајковски за медиумите.

Судија на претходна постапка доцна синоќа му одреди 30 дневен притвор на Зеќири, по отворена истрага за склучен договор за консултантски услуги, со кој наводно заедно со уште двајца хрватски државјани, незаконски присвоиле 145.000 евра.

Притворот му беше одреден по сите три основи и тоа поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на кривичното дело.

Од друга страна пак Зеќири уште пред да се упати кон судот си даде неотповиклива оставка, со што третиот основ за одредување на притвор „виси”, односно ако не е на истата позиција, не би можел и да го повтори делото.

Сега се очекува одлуката на судот за тоа дали досегашниот генерален секретар ќе остане во притвор во „Шутка”, или ќе му биде одредена поблага мерка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украинка побарала засолниште во Велика Британија и добила безброј неморални понуди од мажи

Следно

Фон дер Лајен: За Украина се собрани 10,1 милијарда евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian