Младите во Скопје на мировен марш: Помислете на нас, за промена

1 min read

Денеска во Скопје беше одржан мировен протест. 

Фотографија: Радио МОФ

Протестот започна напладне пред Собранието на Северна Македонија, а продолжи пред владата каде младите заеднички пееја и скандираа „Дајте му шанса на мирот” (Give Peace a Chance“) од Џон Ленон и Јоко Оно. Организатор на протестот е младата Ведрана Милошевска Серафимовска, средношколка во гимназијата Нова, која во  своето обраќање пред присутните, храбро и гласно испрати важна порака:

Не барајте од нас младите да бираме страни. Нашиот избор е, и засекогаш ќе биде – мир! Ние сите припаѓаме на овој свет. Секој од нас се собра денес овде за да фрли светлина за она што се чува во мракот. Уште од мали нозе сме учени дека насилството не е решение, но се чини дека оваа изрека е невистинита во реалноста.” Ние не заслужуваме да живееме во страв. Ние сакаме да твориме, да се едуцираме, да се развиваме. “

Фотографија: Радио МОФ

Присутните на протестот беа облечени во бели маици како симбол на бојата на мирот, а главната порака на денешниот настан  е „Помислете на нас, за промена“. 

 

 

 

skopjeinfo.mk

Претходно

Украински министер за здравство: 21 болница уништени досега во руската инвазија

Следно

Мицкоски бара од ЕУ да направи притисок врз Софија за повлекување на ветото

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian