Клоп и Гвардиола по 23 пат ќе играат меѓу себе, сега влогот е титулата во Премиер лигата

2 mins read

Иако до крајот на сезоната остануваат уште осум кола, неделното дерби во Премиер лигата помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул освен што ќе претставува дуел кој може да го одлучи шампионот, ќе претставува и пресметка помеѓу Јирген Клоп и Пеп Гвардиола, едни од најдобрите тренери на денешницата кои во последната деценија создадоа големо ривалство.

Ова ќе биде нивна 23 меѓусебна пресметка, а овој пат влогот е шампионската титула, Манчестер сити има 73 бода, додека Ливерпул има 72 бода, на осум кола до крајот на сезоната.

Во досегашните 22 натпревари што ги воделе двајцата тренери, Гвардиола и Клоп се радувале по девет пати на победите, а четири натпревари завршиле без победник.

– Јирген како тренер, е мојот најголем ривал што сум го имал во кариерата – изјави Гвардиола.

Ниту Германецот не беше шкрт во делењето на комплименти за ривалот.

– Пеп е најдобриот тренер на светот. Мислам дека сите се сложуваме околу ова – зборуваше Клоп неделава.

Гвардиола има мала предност кога станува збор за гол разликата, неговите екипи постигнале 41 гол, а примиле 37 од екипите што ги предводел Клоп.
Првите осум меѓусебни дуели Гвардиола и Клоп ги имаа во Германија како тренери на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Клоп во 2015 година си замина од Борусија и се пресели во Ливерпул, додека Гвардиола една година подоцна ја напушти клупата на Баерн и седна на таа на Манчестер сити.

За тоа колку нивното ривалство е израмнето, говори и податокот дека во претходните четири сезони во Премиер лигата, Манчестер сити од 2017 година освои 338 бода, додека Ливерпул 337 бода.

Пеп Гвардиола – Јирген Клоп
22 натпревари
9 победи на Гвардиола
9 победи на Клоп
4 нерешени натпревари
41 постигнат гол на екипите предводени од Гвардиола (Манчестер Сити, Баерн)
37 постигнати голови на екипите предводени од Клоп (Ливерпул, Борусија Дортмунд)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Бункерот на милијардерите: Без покана, не може да отидете на овој остров

Следно

Временска прогноза : Од утре дожд и заладување на температурите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian