Кинеско МНР: Ја поддржуваме Србија во водењето на независна политика

1 min read

Помошникот министер за надворешни работи на Кина и портпаролка на кинескиот МНР Хуа Чунјинг соопшти дека Кина силно ја поддржува Србија во донесувањето одлуки врз основа на фундаменталните интереси на земјата и нацијата, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ние се спротивставуваме на надворешните сили кои вршат политички притисок врз суверените земји и се спротивставуваме на принудувањето на другите земји да застанат на страната на едната страна, напиша Хуа на Твитер.

Таа наведе дека кинескиот државен советник и министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ изјавил дека Кина силно ќе ја поддржи Србија во зачувување на нејзиниот суверенитет, територијален интегритет, националното достоинство и во водењето на независна надворешна политика.

Селаковиќ вчера телефонски разговараше со Ванг Ји, при што порача дека Србија е горда на своето челично пријателство и сеопфатното стратешко партнерство со Кина и дека е подготвена дополнително да ја зајакне соработката во сите области.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пролет во Скопје

Следно

ВИДЕО: Ембид покажа зошто е фаворит за МВП наградата, и даде 41 поен на Индијана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian