Раперот и бизнисмен Канје Вест го повлече својот настап на фестивалот „Coachella“ и го прескокна доделувањето на Греми наградите бидејќи одлучи да отиде на лекување. Неговиот тим има задолжение да најде место „со луксузна компонента“, вели извор за „Page Six“.
ВИДЕО | JEEN-YUHS: Или зошто секој треба да го знае Канје Вест
Според изворот, „тимот на Вест ги разгледувал објектите за лекување за него“. Објаснувајќи дека:
„Тој сака да влезе во центар за третман на однесување за да биде подобар човек и подобар татко“.

Минатата недела, Канје ѝ рекол на поранешната сопруга Ким Кардашијан дека „тој оди да побара помош“ по неговото константно вознемирување на неа и на момчето Пит Дејвидсон на социјалните мрежи.
Додека трага по совршениот објект, изворот вели: „Канје сè уште не избрал одредено место бидејќи е загрижен за својата приватност и сака местото да биде во прекрасен амбиент со луксузна компонента“.
Потенцијалните лекувалишта вклучуваат луксузни места во Аризона, Тајланд и Бали.
Ова следува по непредвидливиот месец во кој Вест ја напаѓаше Кардашијан на „Инстаграм“, тврдејќи дека таа не му дозволува да ги гледа нивните деца – што таа го негираше, велејќи дека сакал да „го истепа Пит Дејвидсон“ во песна и објави вознемирувачко музичко видео во кое Пит е закопан жив.
ВИДЕО | Канје Вест не се откажува: Го „погреба“ момчето на Ким во новиот спот
Според изворот Вест, кој јавно се бореше со биполарно растројство, повторно ги зема лековите.

EPA-EFE MICHAEL REYNOLDS
ФОТО | Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон за рака на премиера на новото шоу