Израелска студија откри: Колку долго трае заштитата по втора бустер-доза?

2 mins read

Четвртата доза од вакцината „Фајзер“ ја намали стапката на зараза со коронавирусот меѓу постарите лица, но се чини дека заштитата од инфекција е краткотрајна, покажа големо израелско истражување.

Заштитата од инфекција со коронавирус по втората бустер-доза ослабела по само четири недели, според студијата на израелските научници објавена во вторникот.

Експертите објаснија и дека заштитата од развој на потешки форми на болеста не исчезнала ниту шест недели по примањето на бустерот, но истакнуваат дека треба да се направат дополнителни студии за да се процени долгорочната заштита.

Студијата во која учествувале 1,3 милиони луѓе на возраст од 60 и повеќе години, ги проучуваше претходно собраните знаења од базата на податоци на израелското Министерство за здравство во периодот од 10 јануари до 2 март, кога преовладуваше варијантата омикрон.

Резултатите од истражувањето беа објавени воочи состанокот во средата на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), на кој се дебатирало за потребата од дополнителни дози и една недела откако САД одобрија втора бустер-доза за луѓе над 50 години поради ширење на подваријантата на омикрон BA.2.

Министрите за здравство на повеќето европски земји ги повикаа владите на земјите членки на Унијата да ја поддржат вакцинацијата со четвртата доза, односно со втор бустер кај лицата постари од 60 години.

Кога станува збор за азиските земји, Јужна Кореја почна со давање четврта доза од вакцината против ковид-19 во февруари, а и Сингапур објави дека на постарите од 80 години планира да понуди втора бустер-доза.

Уште едно израелско истражување минатиот месец покажа дека стапката на смртност кај постарите што примиле втор бустер на „Фајзер“ е пониска за 78 отсто во однос на смртноста меѓу оние што примиле само една дополнителна доза.

Израел почна да нуди втора бустер-доза во јануари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Временска прогноза: Сончево и топло, од утре дожд

Следно

Ковачевски и Османи на Економскиот форум Делфи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian