Изградбата на железнички пруги значи изградба на историја, вели Локвенец

2 mins read

Изградбата на железнички пруги значи изградба на историја, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на РСМ”, Хари Локвенец на прес-конференција по повод одбележувањето на 149 години од постоењето на македонски железници, одржана на мостот пред железничката станица во Неготино.

Локвенец потсети дека на 9 април, далечната 1873 година, првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал во железничката станица во Велес и тогаш почнало поврзувањето на Македонија со остатокот од светот.

– Затоа, дозволете да им се заблагодарам и на сите ветерани и сегашни вработени и да им го честитам 9 април – Денот на македонските железничари. Со посветена работа и истрајност, ќе ги надминеме сите предизвици. Наредната година ќе го одбележиме нашиот голем 150 годишен јубилеј со реализација на значајни проекти, зошто ние не ветуваме напразно, туку и реализираме, додаде тој.

Локвенец се осврна и на приоритетите на македонски „Железници”.

– Наш приоритет број еден е изградбата на Коридорот 8 на источниот и западниот дел со што граѓаните и стопанството ќе имаат железнички пристап од Црното и Јадранското Море. Истото дополнително ја засилува оправданоста и придобивките на овој проект како за Република Северна Македонија, така и за регионот во целина. За неколку недели го потпишуваме договорот со новиот изведувач, по што почнува градбата на железницата кон Бугарија, по чијашто реализација, двата народи и двете држави ќе имаат огромен број просперитетни можности за меѓусебна соработка. Со ова започнуваме со реализација и остварување на тридецениската желба и потреба на граѓаните, информираше директорот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што им треба на хороскопските знаци во љубовта?

Следно

Пентагон: Илјадници дополнителни руски војници во близина на Харков, борбите би можеле да бидат крвави

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian