Гвардиола ги одби „кариоките“, нема да биде селектор на Бразил

1 min read

Пеп Гвардиола ја отфрли можноста во блиска иднина да седне на клупата на фудбалската репрезентација на Бразил.  Менаџерот на Манчестер сити пред утрешното дерби против Ливерпул, ги демнтираше шпекулациите дека е идниот селектор на Бразил.

– Не знам како луѓето можат да измислат вакви работи. Моите мисли се насочени само кон Манчестер Сити и за тоа како да имаме добар крај на сезоната. Исто така читав и за казните кои не очекуваат поради прекршување на финансискиот фер-плеј, но не верувам во тие работи. Сакаат да не вознемират, да не исфрлат од ритам, но нема да им помине тоа – рече Гвардиола.

Пред неколку дена шпанскиот спортски весник „Марка“ објави дека актуелниот селектор на Бразил, Тите, ќе си замине од функцијата по завршување на Светското првенство во Катар и челниците на Федерацијата го сакаат Гвардиола за нов селектор.

Наводно, Гвардиола добил и конкретна понуда, договор до 2026 година и годишна плата од 12 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Груби: Во 2022 година се оспорува кој што бил во 1945 година

Следно

Канје Вест ќе оди на лекување: Неговиот тим бара луксузен центар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian