Груби: Во 2022 година се оспорува кој што бил во 1945 година

1 min read

Во 2008 година во Букурешт, билатералниот спор со Грција не одвои од нашето заедничко патување со Албанија и Хрватска кон НАТО. Оваа затворена врата и немањето перспектива не доведе до изразот „заробена држава“ и е една невидена криза. Попуштивме и се пожртвувавме како ниедна друга земја со цел да бидеме дел од НАТО, со 11 години задоцнување, но вредеше. Денес, во 21 век, уште една апсурдна полемика од 18 век ни ја држи вратата на Брисел затворена во лице. Вака денес изјави првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби за време на својот говор за време на Конгресот на Социјалистичката партија на Албанија во Тирана, информира ГАЗЕТА.МК.

„Ни се случува Мариупол, Буча, Киев, Луганск, Доњецк, војни, здравствени кризи, економски, воени кризи, вртоглави цени и несигурност насекаде, а ние во 2022 година треба да одлучиме кој што бил и на кој јазик зборувал во 1945 година„, изјави Груби.

Претходно

Груби од Тирана: Обединети, не поделени кон ЕУ

Следно

Гвардиола ги одби „кариоките“, нема да биде селектор на Бразил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian