Груби од Конгресот на СП: Колку подалеку е Брисел, толку е поблиску Москва

1 min read

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска беше меѓу специјалните гости на Конгресот на Социјалистичката Партија на Албанија предводена од премиерот Еди Рама, конгрес што се одржува во Тирана.

На првиот панел на тема, Европа, регионот и безбедноста, Груби рече дека колку помалку е присутна Европа на Балканот, толку е поголем ризикот од опсег на Русија.

„Украина не е далеку и сите ги чувствуваме последиците. Солидарноста денес со Украина несомнено значи интеграција без ниту едно одложување на Албанија и Северна Македонија, заедно, неразделни. Бидејќи Балканските конфликти не беа доволни сигнали за потребата од Европска интеграција на регионот, тогаш Украина е аларм за сите одложувања и недостиг на консолидација на надворешната и безбедносната политика на Европската Унија“, рече Груби.

Претходно

Груби со порака до ЕУ: Лозинката за интеграцијата на Северна Македонија и Албанија е Украина

Следно

Груби од Тирана: Обединети, не поделени кон ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian