ФОТО+ВИДЕО | Бункерот на милијардерите: Без покана, не може да отидете на овој остров

1 min read

Индијан Крик е остров на богатите и славните кој се протега на 1,2 квадратен километар во заливот Бискејн во Мајами. Поради високата приватност и безбедност, но и профилот на луѓето кои поседуваат имоти на него, островот е наречен и „Бункер на милијардерите“, пишува „B92“.

Сопственици на имотите се финансиски инвеститори, саудиски шеици, руски нафтени магнати, поранешни спортски легенди, пејачи и модели. За ексклузивноста на местото придонесува и фактот што на островот се достапни само 41 имот.

Спектакуларните домови вклучуваат спортски сали, спа центри, пространи вински визби и други луксузи на современиот свет, а просечната цена на недвижностите на островот е околу 20 милиони долари. Луксузните вили се опкружени со богато зеленило – има и терен за голф со 18 дупки, големи базени и приватни плажи со поглед на заливот.

Индијан Крик се смета за една од најбогатите, најбезбедните и најприватните населби во Мајами, но и во светот. Ова не е изненадувачка информација ако се знае дека единствениот копнен влез преку мостот е строго заштитен. Покрај тоа, приватни вооружени патроли патролираат на копното и во водата околу островот 24 часа на ден. Без покана, не можете да отидете до островот.

ФОТО+ВИДЕО | Тибинген – еколошко гратче кое ќе ве освои со својата бајковитост

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Јувентус со пресврт славеше на Сицилија

Следно

Клоп и Гвардиола по 23 пат ќе играат меѓу себе, сега влогот е титулата во Премиер лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian