ФОТО | Ќерката на Мадона ги покажа влакнестите пазуви во кампања за Келвин Клајн

1 min read

Лурд Леон, 25-годишната ќерка на Мадона е заштитно лице на новата кампања на Келвин Клајн(Calvin Klein), а на фотографиите што брендот ги објави на социјалните мрежи, Лурд гордо ги покажа неизбричените пазуви.

На првата црно-бела фотографија ќерката на Мадона е облечена во тренерки и шорцеви „CK1 Palace“, додека на втората позира во долна облека и ги крева рацете за да ги покаже влакната на пазувите.

Младата манекенка често ги покажува пазувите во јавност, а истото неодамна го направи и на Мет Галата, кога се појави во деколтиран розов фустан.

ФОТО | Ќерката на Мадона со небричени пазуви на Мет Гала: Лурдес Леон е поборник на природниот изглед

Инаку, Лурд е и едно од лицата на насловната страница на приказната „Генерација на Америка: Модели што ја менуваат индустријата“ во септемвриското издание на „Вог“.

„Луѓето мислат дека сум богато дете без талент на кое му било дадено сè на послужавник, но не сум“, изјави таа за магазинот, објаснувајќи дека сама си ја платила школарината за факултет и живее во населбата Бушвик во Њујорк, далеку од сјајот на Холивуд.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопската Зоолошка е главна вест во најпознатите светски медиуми

Следно

Радев: Владата на Петков не смее да отстапи од националниот интерес во однос на РС Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian