Амбасадата на САД и МВР со заедничка вежба за справување во вонредна ситуација

1 min read

Припадници на Министерството за внатрешни работи и персоналот од Амбасадата на САД во Скопје денеска ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација.

Од МВР информираат дека како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје.

Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затворање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот.

Вежбата ќе се изведува во објектот на Амбасадата на САД.

– Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации, се наведува во соопштението на МВР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Канје Вест ќе оди на лекување: Неговиот тим бара луксузен центар

Следно

Мотоциклист и негов малолетен сопатник тешко повредени во сообраќајка во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian