Албанскиот министер за одбрана: Албанија е безбедна и заштитена од конфликти

2 mins read

Албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши, изјави дека секоја педа од Албанија е безбедна и заштитена со принципот на колективна одбрана на НАТО.

Ова тој го гарантираше пред учесниците на панел дискусијата „ Безбедност-регион-Европа” што се одржува во рамки на Конгресот на владејачката Социјалистичка партија.

– Историски, западната вокација на Албанците, се материјализираше пред 13 години со членството во НАТО. Денес, Албанија е извозник на безбедност во мировните мисии и фактор на стабилност во регионот. Околу 8.000 припадници на вооружените сили служеле во мисиите на НАТО, ЕУ, ОН, од Авганистан, Ирак, Летонија, Мали, Судан до БиХ и секако во Косово, истакна Пелеши.

Потенцирајќи ги безбедносните закани во Европа, како резултат на последните настани и неопходноста вооружените сили да бидат способни да го заштитат територијалниот интегритет на земјата, министерот оцени дека како резултат на руската агресија, безбедносната средина во Европа и на источната граница на Алијансата е загрозена и непредвидлива.

– Секој квадратен сантиметар во Албанија е безбеден и заштитен со принципот на колективна одбрана на НАТО. Последните случувања го зајакнаа единството на Алијансата во одбрана на заедничкиот простор и суверенитет на земјите-членки. Вооружените сили мора да ги исполнат задачите што произлегуваат од НАТО. Вооружените сили мора да бидат способни да ги исполнат обврските што произлегуваат од уставната мисија за зачувување на територијалниот интегритет на земјата, потенцираше Пелеши.

Тој првпат најави почеток на брз процес на создавање резервен армиски состав, а ја спомена и имплементација на тактичката воздухопловна база на НАТО во Кучово, која се наоѓа во јужниот дел на земјата и ќе биде прва воздухопловна база на Алијансата во Западен Балкан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се чекаше „сентиш“ и покана за танго – скопјани се сеќаваат на игранките и матинеата

Следно

Руските натпреварувачи со санкање смеат да настапуваат на меѓународните натпреварувања

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian