ВИДЕО: Притвор од 30 дена за Мухамед Зекири во Истражниот затвор Скопје

1 min read

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против едно лице за кое постојат основани сомненија за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, судија на претходна постапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот, а притоа ценејќи ги сите факти приложени во предлогот, донесе решени со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП, соопштија од Кривичниот суд во однос на случајот со осомничениот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири.

Како што и претходно информираше судот, судијата на претходна постапка по добивање на предлогот на Јавниот обвинител, во Законски утврдениот рок издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот, но во текот на денот истиот самиот се пријави во судот да се произнесе во однос на предлогот.

Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд. Што се однесува до другите двајца осомничени – опфатени со предлогот за определување мерка притвор кои се странски државјани и за кои е добиено известие дека се недостапни на органите на прогон, донесено е решение за притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.

Распитот на Зекири се’ уште не е почнат, сопругата му донесе пасош и храна во судот

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Еве што се случува кога странец првпат ќе проба ракија

Следно

Дневен хороскоп за 9 април: Се наоѓате во „емотивен јаз“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian