ВИДЕО: Брант двоен стрелец, Дортмунд славеше во Штутгарт

1 min read

Борусија Дортмунд како гостин славеше на „Мерцедес Бенц“ арената против Штутгарт со 2:0 во првиот натпревар од 29 коло во Бундеслигата.

Двата голови за „милионерите“ ги реалзиираше Јулијан Брант, првиот во 12, а вториот во 71 минута.

Брант инаку го започна мечот од клупата, влезе во игра уште во шестата минута по повредата на Рејна кој го солзи го напушти теренот.

Моментно Дортмунд е второпласиран со 60 бодови, шест помалку од водечкиот Баерн кој својот меч ќе го има в сабота против Аугсбург.

Штутгарт остана на 15 позиција со 27 бодови, еден повеќе од Арминија на 16 позиција и Херта Берлин на 17 место, кои се наоѓаат на позиции кои водат во баражот, односно право во втората лига.

Во понизок ранг скоро сигурно ќе се врати последнопласираниот Гројер Фурт, кој има само 16 бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски за најновите санкции против Русија: Мислам дека тоа се уште не е доволно

Следно

ВИДЕО | Еве што се случува кога странец првпат ќе проба ракија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian