Љубов, болка и уметност: Интересни детали од животот на Фрида Кало

6 mins read

Животната приказна на Фрида Кало нè учи како слепата покорност може да нè лиши од убави и вредни моменти што ги носи животот и како можеме да потонеме во болка поради опсесивна љубов, невредна за тоа. Љубовта може да биде многу убава, но и многу деструктивна. Но, феноменот болка не мора секогаш да значи безизлез и деструкција, таа може да биде преточена во неисцрпна уметничка или писателска инспирација. И, едноставно, дали со или без физички недостаток, секоја жена има своја убавина.

„Се надевам дека заминувањето ќе биде радосно и дека никогаш повеќе нема да се вратам“, напишала Фрида во својот дневник, непоредно пред да почине на 47-годишна возраст, без да биде свесна дека таа ќе живее уште долги години преку своите прекрасни уметнички дела.

Сама го одбрала својот датум на раѓање

Иако е добро познато дека Фрида е родена на 6 јули 1907 година, како што е наведено во нејзините документи, сликарката секогаш тврдела дека е родена во 1910 година и дека е ќерка на Мексиканската револуција и на современо Мексико.

Taa се соочила со сериозни здравствени проблеми

Уште како малечка имала деформација на ‘рбетниот столб за која нејзините родители и луѓето во опкружувањето мислеле дека е детска парализа. Меѓутоа, тоа не била единствената причина за бројните здравствени проблеми на Фрида. На 18-годишна возраст станала жртва во сообраќајна несреќа која настанала меѓу автобусот во кој се возела и трамвај, и како последица на истата се здобила со фрактура на ‘рбетниот столб. Имено, држач од автобусот ѝ се забил во грбот при што ѝ предизвикал силно крвавење. Тоа ѝ го обележало животот, приморувајќи ја на бројни хируршки интервенции.

Била гулабица на еден слон

Кога имала 22 години, Фрида се омажила за познатиот сликар Диего Ривера, кој бил 21 година постар од неа. Поради големата разлика во изгледот и висината, тие честопати биле нарекувани „слон и гулаб“. Оваа љубов значително ја променила секогаш гордата и пркосна Фрида, бидејќи Диего имал односи и со други жени, вклучувајќи ја и нејзината сестра. Поради тоа и самата сликарка почнала да се впушта во афери, а толку многу страдала за сопругот што честопати го нарекувала „уште една несреќа во нејзиниот живот“.

Се обидувала да стане мајка

Фрида ги скршила рбетот, карлицата и стапалото во сообраќајната несреќа која засекогаш ѝ го променила животот. Поради тоа не можела да го роди детето кое го сакала и претрпела четири клинички абортуси. На својата слика „Болницата Хенри Форд“ таа прикажала како се чувствувала за време на една од нејзините киретажи. Се работи за автопортрет од 1932 година, на кој е прикажано нејзиното тело на кревет, опколено од куп симболични објекти, како тие што го опкружуваат распнатиот Христ во алегоријата на спасување.

Вистинската слава ја стекнала дури по нејзината смрт

Иако Фрида била успешна во текот на животот, таа најчесто била доживувана како „сопругата на Диего Ривера“. Само неколку години по нејзината смрт, нејзината работа била препознаена низ целиот свет, а нејзината репутација вртоглаво пораснала во текот на седумдесеттите години на минатите години.

ФОТО | Глас длабок како болката на душата: Сензуалната пејачка Чавела Варгас ги завела Фрида Кало и Ава Гарднер

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Одложен натпреварот помеѓу Вардар 1961 и Бутел Скопје

Следно

Коларевиќ: Докази за бегство нема, сомнежи има – рочиштето заврши, судот ќе одлучи за притворот на Зекири

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian