Снежана Савиќ за стандардите за убавина и стареењето: Не сакам да бидам старомодна баба

2 mins read

Познатата Снежана Савиќ отсекогаш важела за една од најубавите српски актерки и со право го ужива епитетот на вистинска дама.

Во текот на својата богата кариера 69-годишната Савиќ пленеше со својата насмевка, шарм и харизма, а публиката ја засака поради улогите во култните серии „Подобар живот“ и „Среќни луѓе“.

Актерката неодамна зборуваше за младоста, стареењето и со какви предизвици се соочуваат жените денес. Како што истакна, убавината не мора да значи дека е подарок и дека процесот на стареење со себеси си носи своја убавина.

Во денешно време, во ерата на социјалните мрежи и поместените стандарди за убавина се чини дека на жените им се наметнува „совршениот“ изглед, а се поголем е бројот на жени кои посегнуваат и по естетски зафати и третмани за убавина.

„Најстрашно е кога убава жена не знае кога треба да остари, туку секогаш флертува и заведува. Од тоа секогаш се плашев и се прашував дали ќе бидам таква. Некако секогаш ме гледаа низ мојата убавина. Сега сум стара“, изјави Савиќ за „Блиц“.

„Убаво е кога човек е убав, но не е тоа поентата. Можеш да бидеш убав два-три дена и ако немаш што да понудиш, ништо. Сега убавината е крената на пиедестал, исто како што е различен и идеалот за убавина. Полна уста, голем задник, кренати гради, но и тоа е убаво. Уште ако постои нешто внатре, и тоа е убаво. Денес има други мерила. Со текот на времето, идеалите за убавина се променија“, продолжи таа.

„Сега разбирам дека девојките што го прават тоа се убави. Мора да го прифатиме тоа, ги разбирам дури и мажите на кои им се допаѓа тоа. Сакаат нивната сопруга да изгледа добро и ѝ плаќаат за она што им одговара – гради или задник. Сето тоа го носи времето со себе, јас го прифаќам и не сакам да бидам старомодна баба. Сакам природно, но прифаќам различни идеали за убавина. Убавината е во окото на набљудувачот“, заклучи актерката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Јокиќ со нов рекорд го однесе Денвер директно во плеј-офот

Следно

Шаќири за штрајкот на СОНК: Не е во прилог на образовниот процес и на учениците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian