Скопјани утрово алармираа на енормна загаденост и непријатен мирис на воздухот во поголемиот дел од градот.
-Од оваа „утринска роса“ се кашла, пече на очи и на грло, споделува еден скопјанец.
Делот во централното градско подрачје, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода… повторно под магла од загаденост. Имено, како што споделуваат граѓаните полека почнува да се расчистува маглата, но загаденоста на воздухот е уште присутна, а најалармантно било од 4 часот изутринава се до 7.
-Од Припор Скопје не се гледа, ама почнува да се расчитува…, коментира граѓанин.
-Ова не е магла, ова не е природно. Изгледа сега е прав момент сите да носиме маски и што помалку на отворено, коментира скопјанка.
-Магла во април? Но, лошо мириса, а ова го вдишуваме, вели друг скопјанец.
А вака изгледаше Скопје, доцна синоќа: