Шампионот МЗТ тргнува од втората позиција во Суперлигата

1 min read

Релативно лесна победа на МЗТ Скопје Аеродром над Академија ФМП (98:87) и тоа во вистински момент, за одличен финиш на првиот дел од домашната сезона со 10 триумф во низа и како загревање на тоа што цел Аеродром со нетрпение го очекува – завршницата од АБА2 лигата (13-17 април).

Серијата 13-0 на крајот од првата и почетокот од втората четвртина ја донесе првата поопиплива предност (36:27) за МЗТ, која „сино-белите“ кошаркари ја зголемија и до максимални „плус 18“ во третиот период (74:56) како потврда на бодовите.

Рикиќ со 17 поени и пет скока и Николов со 17 поени беа најефикасни кај „штрковите“.

На спротивната страна по 16 поени имаа Иви (четири асистенции) и Тодоровски (четири скокови).

МЗТ Скопје Аеродром со скор 19-3 влегува од втората позиција во Суперлигата, во која ќе се најдат најдобрите шест екипа досега, помеѓу кои се и Пелистер, ТФТ, Академија ФМП, Еуро Никел и Гостивар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Белгија ги повлече Киндер чоколадите поради можно труење

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Музика, екстравагантна торта и гости од естрадата: Мартија Станојковиќ го прослави полнолетството

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian