Шаќири за штрајкот на СОНК: Не е во прилог на образовниот процес и на учениците

2 mins read

Штрајкот никогаш не оди во прилог на образовниот процес и на учениците кои се и мора да останат наш фокус и приоритет. Сите предизвици со СОНК досега сме ги решавале заеднички, на маса и низ конструктивен дијалог. Така ќе биде и овојпат. Иако се услови на криза, здравствена, воена и економска, ние дебатираме со Синдикатот за да најдеме решение од кое ќе нема незадоволни страни. Верувам дека тоа ќе се случи скоро, по што ќе ја информираме јавноста, вели во интервју за МИА министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Во пресрет на најавениот генерален штрајк на СОНК в понеделник, Шаќири кажува дека за три години платите на наставниците се зголемени за над 21 процент – во апсолутен износ од 4.000 денари за наставник со 10 години стаж, и нагласува дека наставниците се најважна алка во воспитно-образовниот процес, а МОН, како што вели, постојано работи на подигнување на нивната мотивација и на подобрување на условите за работа.

За издавањето учебници во деветгодишното образование, за што е во тек Конкурсот, Шаќири вели дека нови учебници дефинитивно се потребни. Педагошката служба продолжува да ги спроведува постапките за набавка на учебници за секое одделение за кое има нови наставни програми, а во моментов тоа е за прво, второ, четврто и петто.

Во однос на високото образование, Шаќири рече дека во изминатите неколку години е направено многу, основани се нови органи и тела кои треба да обезбедат целосна имплементација на Законот донесен во 2018 година, да понудат препораки за промени и дополнување на образовните политики. За падот на Скопскиот универзитет за неколку места на Шангајската ранг-листа, смета дека треба да биде мотив за поголем ангажман на сите засегнати чинители, но особено на раководниот и наставниот кадар.

– Не само на овој универзитет, туку и на сите останати, заради поголема конкурентност – најпрво тука, на национално ниво, а таа конкурентност ќе значи повисок квалитет во работењето и ќе донесе и подобри позиции во пошироки размери, додаде Шаќири.

Во врска со олеснувањето на антиковид-мерките во образовните установи, министерот во интервјуто апелира, сепак, да остане внимателноста и да се почитуваат насоките од оние кои, како што вели, знаат што е најдобро да се направи во конкретен момент.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Снежана Савиќ за стандардите за убавина и стареењето: Не сакам да бидам старомодна баба

Следно

ФАО: Светските цени на храната во март на рекордно високо ниво

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian