Шаќири: Квалитетно и инклузивно образование е право на секое дете

1 min read

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска, по повод Меѓународниот ден на Ромите, имаше средба со пратеничката Љатифа Шиковска и со Елвис Мемети, советник на премиерот за ромски прашања. Честитајќи го празникот, Шаќири нагласи дека висок приоритет на Владата и на Министерството е обезбедувањето на квалитетно образование за секое дете.

– Инклузивноста е еден од столбовите на реформата на образованието. Затоа, преку различни форми на поддршка ја подобруваме вклученоста на децата од ромската заедница во училиште и го намалуваме напуштањето на воспитно-образовниот процес. Наша цел е да изградиме генерации кои поседуваат вредности како што се недисриминација, толеранција и почитување на различностите во општеството, рече министерот.

Шаќири укажа дека и покрај медијаторската помош, проектната поддршка и стипендиите, што сега се обезбедени, Министерството е тука да ги ислуша и прифати сугестиите кои водат кон зголемен образовен опфат на децата Роми, со што се зголемуваат можностите за нивна индивидуална и општествена реализација. Тоа е единствен правилен пат за надминување на предизвиците и за унапредувањето на правата на Ромите во нашата држава.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Јелена Карлеуша во сина тоалета, а Душко Тошиќ нема да биде гонет за шлаканицата

Следно

Зеленски за најновите санкции против Русија: Мислам дека тоа се уште не е доволно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian