РК Вардар и РК Бутел се простија од Денис Тот: Ќе те паметиме засекогаш

1 min read

„Со длабока тага и неверување ја примивме веста за смртта на нашиот спортски пријател Денис Тот. Го изразуваме нашето најдлабоко сочусвство до семејството и најблиските. Денис, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш!“, напишаа РК Вардар на Инстаграм. 

„Со длабока тага и неверување ја примивме веста за смртта на нашиот Денис Тот. Хрватскиот интернационалец кој имаше 27 години ја играше првата сезона во Бутел Скопје и беше голем професионалец на ракометниот терен и надвор од него. Го изразуваме нашето најдлабоко сочусвство до семејството и најблиските. Денис, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш!“, објавија од РК Бутел. 

Хрватскиот ракометар Денис Тот почина во Скопје, откако бил примен во Ургентниот центар, а потоа пренесен на КАРИЛ, со слаб пулс и лоша здравствена состојба, по што докторите не успеале да му го спасат животот.

 

skopjeinfo.mk

Претходно

По суспензијата Русија го прекинува членството во УНХЦР

Следно

Министерот Османи на полско-украинската граница се сретна со колегата Кулеба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian