По суспензијата Русија го прекинува членството во УНХЦР

2 mins read

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека земјата го суспендираше своето членство во Советот за човекови права на Обединетите нации, а одлуката е донесена откако Генералното собрание на ОН вчеравечер ја усвои резолуцијата за суспендирање на членството на Руската Федерација во ова тело на ОН, чие седиште е во Женева.

„Руската страна ја смета резолуцијата усвоена од Генералното собрание на ОН на 7 април во Њујорк за суспендирање на членството на Руската Федерација во Советот за човекови права на ОН како незаконски и политички мотивиран чекор за пркосно казнување на суверена земја-членка на ОН која води независна домашна и надворешната политика“ се наведува во соопштението на руското МНР.

„Кога се прогласија за стандард во областа на човековите права, овие земји директно се вклучија во грубото и масовно кршење на човековите права“, се додава во соопштението.

Министерството соопшти дека Русија ќе продолжи да придонесува за заштита на човековите права.

Генадиј Кузмин, заменик постојан претставник на Русија во ОН, по гласањето изјави дека одлуката на Генералното собрание е „нелегитимен и политички мотивиран“ чекор чија цел е да се казни суверена земја-членка на ОН, па дури и ја нарече „отворена уцена на суверените држави“. “

Тој уште и тврдеше дека Советот е монополизиран од група држави кои го користат за краткорочни интереси и дека „таквите дејствија го прекршуваат мандатот што меѓународната заедница му го довери на Советот за човекови права и ја поткопува довербата во ова тело во целина“.

kurir.mk

Претходно

Маричиќ: Инклузијата на Ромите останува во фокусот на новите ИПА програми

Следно

РК Вардар и РК Бутел се простија од Денис Тот: Ќе те паметиме засекогаш

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian