Обдукцијата треба да даде одговор на прашањето за смртта на Тот

1 min read

Ракометарот на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот починал денеска претпладне на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ. Тој бил примен во Ургентниот центар во Скопје ноќеска, без срцева акција и без траги на насилство.

Како што рече Маја Мојсова директорка на КАРИЛ, кај пациентот не се пронајдени активни супстанци при крвни анализи и неговото тело е предадено на судска медицина за понатамошна обдукција.

Претходно, МВР соопшти дека вчера во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.

skopjeinfo.mk

Претходно

ДКСК: Дури 50 проценти од активностите не се започнати, а се дадени во Стратегијата за спречување корупција и судир на интереси

Следно

БИБЛ лига: ТФТ декласиран од бугарскиот Балкан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian