Не се плашете ако утре ве разбуди сирена: МВР на вежба за справување во вонредна ситуација

1 min read

Утре (09.04.2022) во период од 09,00 до 12,00 часот, припадниците на Министерството за внатрешни работи ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје.

Вежбата ќе се изведува во Амбасадата на САД. Како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје. Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затварање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот.

Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации.

skopjeinfo.mk

Претходно

Албанец осуден на доживотен затвор за убиство на младa наставничка: Со метален сообраќаен знак ја удрил по глава 34 пати

Следно

Наједноставни домашни еклери – свилен крем помеѓу две крцкави кори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian