Над 170 сообраќајни прекршоци во Скопје

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, шест мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 47 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, известува МВР

skopjeinfo.mk

Претходно

СЗО регистрира над 100 напади врз здравствени установи во Украина

Следно

ВИДЕО: Јокиќ со нов рекорд го однесе Денвер директно во плеј-офот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian