Наједноставни домашни еклери – свилен крем помеѓу две крцкави кори

2 mins read

Еклерите се типичен француски колач што стана познат низ целиот свет. Дури и ако не сте љубител на овој десерт, сигурно неговиот вкус ви е познат. Свиленкастиот фил помеѓу крцкавите кори наликува на принцес крофни, но еклерите се преливаат со чоколадо.

За приготвување на еклерите не е потребна голема вештина, но тие бараат малку повеќе време. Сепак, сиот труд ќе се исплати, бидејќи на крајот ќе уживате во рајот за непцето.

Едноставно, со овој рецепт направете домашни еклери како од најдобрата слаткарница.

Состојки:

За кората:

– 250 мл вода
– 125 г путер
– 150 г остро брашно
– 1 лажица шеќер
– 4 јајца
– прстофат сол

За филот:

– 500 мл млеко
– 4 жолчки
– 100 г шеќер
– 2 лажици густин
– 100 мл слатка павлака
– екстракт од ванила

За преливот:

– 70 гр чоколадо
– 50 мл слатка павлака

Подготовка:

Во шерпа сипете вода, додајте сол, шеќер и путер и сè оставате да зоврие. Во тоа додајте брашно и мешајте на врела рингла додека не зоврие.

Во изладеното тесто додавајте едно по едно јајце со постојано мешање со миксерот. Кога ќе добиете компактна смеса, префрлете ја во шприц за слатки, па истискајте ја на хартија обложена со хартија за печење. Истискајте тесто во должина од околу 7 см и печете на 200 степени додека не порумени, но не ја отворајте рерната додека се печат, за да не падне тестото.

Млекото ставете го да зоврие, а во меѓувреме изматете ги жолчките со шеќерот, екстрактот од ванила и густинот.

Во млекото што врие сипете ја смесата со жолчките и сварете го филот, па оставете го целосно да се излади. Кога ќе се излади, убаво изматете го со миксер, додајте ја слатката павлака па повторно се изматете. Чоколадото и слатката павлака растопете ги на тивок оган.

Готовите еклери пресечете ги на половина, наполнете ги со филот, па потопете ги во чоколадниот прелив. Кога добро ќе се изладат може да ги послужите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Не се плашете ако утре ве разбуди сирена: МВР на вежба за справување во вонредна ситуација

Следно

Кампањата „Биди срцевина, Биди херој“ во недела ќе биде дел од јубилејната 10-та АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian